Актуелно

Обвинетите во „Трезор“ во Кривичен: Мијалков на суд за „жолтото комбе“


Бившиот УБК директор, Сашо Мијалков, денеска седнува на обвинителна клупа за случајот на специјалното јавно обвинителство „Трезор“.

Мијалков е обвинет за проневера на државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа. Во обвинението, заедно со него, опфатени се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, бегалецот Горан Грујевски, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ. Предметот ќе го суди судијката Џанета Бегтовиќ.

Според обвинението на СЈО, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

Откако „Финзи“, ја презела набавката, во договор со УБК и МВР, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката е направена во 2010 година, а „Финзи“ е формирана кон крајот на 2009 година. „Финзи“, во тоа време немала ниту еден вработен, а немала ниту пари за да ја набави опремата, но станала партнер на МВР како посредник во зделката.

„Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, која пак, ја поседува фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма беше Владислав Стајковиќ, братот на Небојша Стајковиќ. Последен директор беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој под сонителни околности се самоуби.

Мијалков во 2016 година во интервју за „Прес24“ изјави дека изречените наводи на прес конференцијата на СЈО за „Трезор“ се измислени и неточни.

„Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка“, изјави тогаш Мијалков.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top