Филм / ТВ

Сепак ќе се снима: Еве што носи последната сезона од House of Cards


Од Netflix објавија официјално соопштение дека популарната серија „House of Cards“ ќе има уште едно сезонско продолжение и покрај фрапантниот и голем скандал во кој се најде главната актерска ѕвезда од истата, Кевин Спејси.

Робин Рајт се враќа во главната улога во серијата „House of Cards“, но нејзиниот досегашен партнер Кевин Спејси експресно отпадна од игра веднаш по актуелизирањето на секс скандалот во кој неговото име беше централно.

Судбината на серијата беше ставена под знак прашалник по скандалот кој го доживеа Спејси, во кој беше обвинет за сексуално вознемирување од повеќе мажи, но од Netflix беше објавено дека серијата сигурно ќе се врати на екраните за шестата и последна сезона.

Но, креаторите на оваа серија ќе имаат само 8 епизоди во кои ќе треба да ја раскажат разврската на целата приказна околу семејството Андервуд. За разлика од минатите сезони кои имаа по 13 епизоди, последната ќе биде скратена скоро на половина. На сценаристите останува да размислат како ќе го изведат излегувањето на Кевин Спејси од серијата, откако тој претходно беше планиран како постојан член на екипата и во новата сезона.

Претходно беше објавено дека на актерската екипа се приклучуваат Грег Кинеар и Дајен Лејн, кои ќе им се придружат на веќе постојаните членови Робин Рајт, Мајкл Кели, Џејн Еткинсон, Патриша Кларксон и Констанс Зимер.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top