Актуелно

Како би изгледала денес Југославија? (видео)


Џозеф Писнети на Јутјуб објави анализа во која се прашува „што би било кога би било“ и како би изгледала обновена и обединета Југославија.

Тој објави видео-анализа на неговиот канал „Real life lore“, каде обично објавува едукативни и интересни видеа.

Според анализата, новата Југославија би ја сочинувале шест или седум држави, се зависи од бројот на држави кои го признале Косово.
Кога е во прашање БиХ, авторот посебно нагласува дека речиси 2,4 проценти од територијата на таа земја лежи на мини.

Кога повторно би се создала, Југославија би имала над 20 милиони жители, со што автоматски би била меѓу десетте најголеми држави во Европа, односно би била на осмото место.

Но, Југославија би имала помалку жители од 1991 година, во која се забележани над 23 милиони жители.

Што се однесува до етничката припадност, Југолсавија би била составена од 35 проценти Срби, 20 проценти Хрвати, 11 проценти Албанци, 9 проценти Бошњаци, 8 проценти Словенци, 6 проценти Македонци, 1 процент Црногорци и 10 проценти останати.

Бруто националниот доход би изнесувал 191.045.000.000 милијарди долари со што Југославија би била позиционирана на 53 место во светот кога е во прашање економијата.

Војската би броела 230 илјади припадници, а пет најголеми градови би биле Белград, Загреб, Сараево, Скопје и Љубљана

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top