Актуелно

Топла зима со сончев празничен ден


Според временската прогноза, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, сончево со мала до умерена облачност, со слаб јужен ветер и со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до шест степени.

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со појава на умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.

Ваквото време ќе се задржи до среда, кога попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top