Спорт

Конечно: Најскапата аквизиција се враќа во тимот на Барса!


Најскапата аквизиција на Барселона, Осман Дембеле е целосно рехабилитиран од повредата и е спремен да се врати на терените, пренесуваат шпанските медиуми.

Французинот ова лето пристигна на „Камп Ноу“ од Борусија Дортмунд за повеќе од 100 милиони евра, но веднаш се повреди и цели три месеци беше надвор од терените.

„После долгото лечење на повредата на левиот бутен мускул, 20-годишниот Французин сега е на располагање на тренерот Ернесто Валверде“, соопштија од Барселона.

Дембеле се повреди на 16-ти септември на мечот со Гетафе, па мораше да му биде извршена операција на бутниот мускул. Се очекува Французинот да биде повикан за мечот со Селта од Купот кој се игра утре.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top