Актуелно

Момче и девојка ограбувале семејни куќи и училишта во Скопје


Тинејџери од Скопје, односно 18 годишно момче и 19 годишна двојка си „заработија“ кривични пријави поради сторено кривично дело кражба на територијата на град Скопје.

Имено, скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 19-годишната Ј.К. и 18-годишниот Н.Ѓ. од Скопје под сомнение дека Ј.К. извршила три кривични дела од кои две „тешки кражби“ и едно кривично дело „прикривање“, додека пак второпријавениот извршил осум кривични дела од кои две „тешки кражби“, една „тешка кражба на дрзок начин“ и пет кривични дела „кражба“. Како што информираат од полицијата со извршување на овие кривични дела, пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист од околу 212.000 денари.

Според информациите, првото кривично дело пријавените го извршиле заедно во временскиот период од 31 март до 06 мај минатата година во куќа на улица „Ниџе Планина“, на тој начин што Н.Ѓ. со физичка сила насилно ја отворил влезната врата, по што двајцата влегле во куќата и украле разновиден златен накит. Украдените златни предмети Ј.К. ги продала во златарница која се наоѓа во Старата скопска чаршија, а добиените пари ги поделиле меѓу себе.

Второто кривично дело исто така го извршиле заедно на 20 мај минатата година во куќа во село Долно Лисиче. Откако Н.Ѓ. дознал дека домаќинот со неговата фамилија е на семејна веселба и во куќата нема никој, заедно со Ј.К со патничко моторно возило „фиат пунто“ дошле до куќата каде насилно ја отвориле вратата и украле пари и златен накит. Украдените златни предмети првопријавената повторно ги продала во истата златарница.

Третото кривично дело Н.Ѓ. го извршил на 22 мај минатата година на булевар „Јане Сандански“, на паркинг каде што со моторцикл се приближил до една случајна минувачка и и го скинал златниот ланец, меѓутоа не успеал да го земе бидејќи паднал на земја, а во раката му останал само златниот привезок, кој го земал со себе и подоцна заедно со Ј.К. го продале во златарницата лоцирана во Старата Скопска чаршија .

Четвртото, петтото и шестото кривично дело пријавениот Н.Ѓ. ги извршил на 30 мај минатата година на улица „Васко Карангелески“ во основно Училиште „Љубен Лапе“, на тој начин што незабележан од никого влегол во училиштето и на првиот кат дошол до училиница која била празна и од три ранци украл три мобилни телефони по што го напуштил местото на настанот.

Седмото кривично дело пријавениот Н.Ѓ. го извршил на 05 септемнври минатата година на улица „Пушкинова“ повторно во основно училиште на овој пат во „Кирил Пејчиновиќ“. Тој, додека траела наставата, влегол во незаклучената канцеларија на педагогот и дефектологот и од бирото украл еден мобилен телефон, а од чанта извадил паричник и од него одзел пари, по што го напуштил училиштето. Истиот ден украдениот мобилен телефон го продал на непознат купувач на Бит Пазар.

Осмото кривично дело Н.Ѓ. го извршил на 04 октомври 2017 година на булеварот „Трета македонска бригада“, поточно во Средното училиште „Владо Тасевски“, така што влегол во училиштето и искористил прилика додека сите биле на настава и од канцеларијата на педагогот украл женски паричник во кој имало пари и лични документи по што го напуштил училиштето. Украдените пари ги потрошил за свои потреби, а паричникот со документите го фрлил во тревата на булевар „Србија“.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top