Спорт

„БОМБА“: Манчестер Сити имаше средба со Умтити – спремен да ја плати клаузулата


Еминентниот весник „Екип“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека преставници на Манчестер Сити имале средба со дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.

„Граѓаните“ сакаат да го донесат Умтити на „Етихад“ и му понудиле одлични услови, а „Екип“ пренесува дека Французинот побарал време да размисли пред да го даде конечниот одговор.

Откупната клаузула во договорот на Умтити изнесува 60 милиони евра, сума која воопшто нема да претставува проблем за богатите „граѓани“.

Пеп Гвардиола сака да донесе уште еден врвен дефанзивец во зимскиот преоден рок, а Умтити е најголема желба со оглед на одличните настапи оваа сезона.

Барселона сака по секоја цена да го задржи дефанзивецот, па поради тоа е спремна да му понуди нов, финансиски подобар договор, во кој ќе има многу повисока откупна клаузула.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top