Вебкафе

Откриено минатото на професорот по математика: „Никогаш не се криев од фактот дека бев геј порно ѕвезда“!


Италијанските студенти останале изненадени кога дознале дека нивниот професор  по математика е геј порно ѕвезда.

Роџер Фреди, кој во филмовите се прослави како Карлос Маси професор е на универзитет во Рим, но претходно работел друга работа. Фреди отишол од родната Италија во САД во кој изградил кариера како порно ѕвезда. Студентите дознале за неговото минато откако го препознал еден студент, веднаш штом професорот објавил фотографија на Фејсбук на која се фали со своите мускули.

Професорот истакнува дека во порно инсдустријата влегол за да заработи пари и воопшто не го вознемирува тоа што некговото минато е откриено.

„Некои студенти објавија мои фотографии на некои страни и така е откриено моето минато како порно глумец. Да бидам искрен, тоа и не беше баш тајна“ рече тој.

Фреди, кој е веќе 11 години во среќна врска, кажува дека никогаш немал проблеми поради својата мината кариера.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top