Трагедија: Верижна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Утрово се случи собраќајна несреќа пред клучката кај Хиподром, а според информациите на полицијата, има и повредени.

Од МВР за МИА изјавија дека се уште се врши увид на местото на несреќата и оти информациите со кои засега располагаат укажуваат дека има повредено едно женско лице.

Сообраќајката се случила меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички.

Сообраќајката во полиција е пријавена во 7 часот и 40 минути.

На местото се уште се врши увид и сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента. Има поставено и соодветна сигнализација.

Погледнете го видеото:

https://www.facebook.com/alek.apostolovski/videos/10211185118083382/

ФОТО: 24вести