Актуелно

Несреќа во Велес: Со автомобил покосил тројца пешаци, па удрил во ѕид!


Триесет и три годишниот Т.Т од Велес изгубил контрола врз своето возило марка „Фиат Пунто“ на улица Алексо Демниевски и удрил во тројца пешаци кои во тој момент ја преминувале улицата, по што удрил и во потпорен ѕид од камења.

Како што соопшти полицијата, на пешаците им се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓаат во животна опасност.

Увид е извршен и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top