Актуелно

Последно судење на Груевски за оваа година!


Денес ескпремиерот, Никола Груевски, за последнет пат во 2017 година ќе се појави во кривичниот суд во својство на обвинет, поради случајот „Насилство пред Општина Центар“.

Заедно со него во кривичниот суд треба да се појават и Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и другите 8 лица кои биле извршители на насилството.

Двајца обвинети признаа вина, а за еден од обвинетите постапката е издвоена. Минатото рочиште беше одложено бидејќи немаше камери во судницата, на што од пред неколку судења почнаа да инсистираат обвинетите.

Овој предмет од јануари треба да почне од почеток бидејќи судијката Татјана Михајлова, која го судеше Груевски и другите обвинети, е прераспоредена во друг оддел на судот.

Груевски в петок, на 29 декември, треба да се јави кај шалтерски службеник, како мерка на претпазливост која му ја определи судот, по барање на Специјалното јавно обвинителство.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top