Филм / ТВ

Еве колку ги болеше Хери и Марв: Ги испроба борбените финти на Кевин од „Сам дома“


Ако и оваа година, за време на новогодишните и божиќните празници решите по којзнае кој пат да го изгледате култниот „Сам дома”, сетете се на ова видео од ЈуТјуберот Џејк Ропер, ќе сфатите дека малиот Кевин воопшто не бил наивно и толку невино детенце кога станува збор за одмаздничките борбени методи против двајцата арамии.

Ропер на кукла тестирал три најсурови методи на Кевин од филмот – удар во глава со канта боја, топла квака на вратата и удирање со метална шипка по прстите.

“Ударот со канта боја во глава е како два пати со бокс да ве удри Мајк Тајсон. Тоа е шест пати повеќе од силата потребна да му се скрши носот на човек. Шансата лицето да се онесвести е 100-процентна, а 42 проценти е и шансата да има пукнат череп”, заклучил Ропер.

Во комбинација со метална шипка, ова би значело дека Хери и Марв имале пробиени срце и бели дробови, скршени ребра и скршен череп.

Заклучок: Хери и Марв најверојатно би биле мртви или тешко повредени, а Кевин би испаднал навистина страшен.

***

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top