Актуелно

Ѓорѓе Иванов: На граѓаните не им е потребен реваншизам


Денес претседателот на Р.Македонија, Ѓорѓе Иванов имаше традиционално обраќање на пратениците во Собранието.

-Јавниот простор е полн со говор на омраза, лични фристрации и одмазда. Нашите партии наместо да се напреваруваат со проекти, се доживуваат како смртни непријатели. На граѓаните им треба помирувањеа, а не реваншизам – истакна Иванов.

Тој додаде дека за помирување потребни се три работи: законско решение за обнова на судските случаи со сериозни индиции за кршење на човековите права, граѓанска и политичка одговорност за политичко монтирање на случаи, отстранување на генераторите на кризи.

-За жал, видовме пратеници со лисици без симнат имунитет и граѓани од „Заедничка Македонија“ обвинети за тероризам. Не можам, а да не ги поддржам оние кои повеќе од два месеци на мирен и достоинствен начин искажуваа грижа за државните интереси на Република Македонија. Бидејќи, дел од нивните барања беа и мои барања – истакна претседателот Иванов.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top