Живот

Зелена „бомба“ за топење на масните наслаги на стомакот


Зелениот овошно-зеленчуков напиток кој ви го претставуваме е идеален за овој период од годината, бидејќи го прочистува вашиот организам, го засилува имунитетот, а воедно и ефикасно придонесува во топењето на масните наслаги, особено оние на стомакот.

За да си го направите овој напиток, во блендер ставете изечена смрзната банана, една лажица изрендан ѓумбир, две лажици мелени семки од лен, една шолја замрзнати боровинки, половина шолја спанаѓ и малку мраз.

Потоа, сето тоа добро измиксирајте го. Се пие секое утро на празен желудник. Истражувањата покажале дека поголемиот дел од луѓето кои го пробале овој „еликсир“ симнале два килограми за неколку дена, и тоа најголем дел од пределот на стомакот.

Не само што овој напиток е вкусен и ефикасен во симнувањето на масните наслаги, туку е и тоа како здрав за целиот организам. Бананите се богати со калиум, антиоксиданти и влакна, па со самото тоа го поттикнуваат варењето и елиминирањето на токсините, додека ѓумбирот го зајакнува имунитетот, го забрзува метаболизмот и намалува апетитот.

Ленот е важен поради влакната, боровинките се познат антиоксидант, а спанаќот е богат со магнезиум и позитивно влијае на нервниот систем и расположението.

***

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top