Научна реалност

Пронајден доказ за живот на земјата стар 3.5 милијарди години


Експертите тврдат дека биле пронајдени микроскопски фосили, а всушност тоа претставува најстариот доказ за животот на Земјата.

Научниците од UCLA и универзитетот во Висконсин дојдоја до откритието, а нивната студија е составена од 11 микробиолошки примероци.

Научниците велат дека некои сега се изумрени бактерии, додека другите се слични на микробите кои постојат денес. Тие исто така тврдат дека овие организми би можеле да живеат без кислорот.

Експертите иденфитикувале комплексна група на микроорганизми, вклучително и фототрофни бактерии кои произведуваат енергија од сончева светлина. Меѓу фосилите е арсен произведен од метан и гама – протобактерии кои го консумирале метанот, а тоа е гас што се смета за важна состојка на атмосферата на Земјата.

Откритието беше направено со користење на најсовремениот секундарен јонски спектрометар, а такви се само неколку во светот. Со ова, научниците успеаа да го одвојат јаглеродот од секој фос кој е дел од составот на изотопите и ги мери нивните односи.

„Разликите во однос на нивните јаглеродни изотопи се во согласност со нивните форми“ вели професорот Џон Доли.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top