Нобел

Фраер меѓу велосипедите: Лепотан кој вози на водород и се полни за две минути


Во францускиот град Сен-Лоу, на северозападот од Франција, беше промовиран првиот електричен велосипед чиј мотор работи на водород.

Директорот за продажба на компанијата „Pragma Industries”, Кристоф Бруно истакна дека тоа воедно е и светска промоција на велосипедот.

„Таа компанија во Нормандија веќе има испорачано дваесет такви велосипеди, а во Баскија и на Алпите ќе има уште 40. Се надеваме на (продажба на) неколку стотици велосипеди за 2018 година“, ширум Франција, но и за извоз. Не бомбардираат со барања, изјави Бруно за локалните медиуми.

„Резервоарите на велосипедите, тешки 25 килограми, се полнат со водород за помалку од две минути, додека пак, батериите на конвенционалниот електричен велосипед, само до половина, се полнат дури за три часа, додаде тој.

Електричниот велосипед користи незагадувачко гориво, може да помине и 100 километри, а просекот на конвенционалниот електричен велосипед е 50 километри.

Велосипедите се напојуваат во станица за полнење таков вид велосипеди, отворена во Сен-Лоу. Принципот е заснован на разградување на водата на кислород и водород.

Цената на „водород-велосипедот“ е 7.500 евра, а плановите се таа да се спушти на околу 3.500 евра до 2020 година.

Првите велосипеди на водород во Сен-Лоу ги користат вработени во локална болница и едно претпријатие со 800 вработени, „Лекапитен”.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top