Музика

EXIT изгласан меѓу најдобрите фестивали и организатори во Европа!


На официјалниот избор за најдобри фестивали во Европа (European Festival Awards) на кој учествуваат вртоглава бројка од 350 фестивали од повеќе од 35 земји на стариот континент, сите четири фестивали во организација на EXIT тимот се изгласани меѓу десетте најдобри, секој во својата категорија!

EXIT со гласовите на публиката и деветта година по ред е избран во 10 најдобри фестивали во Европа и тоа во главната категорија за „Најдобар голем фестивал” заедно со останатите гиганти како што се белгискиот Tommorowland, холандскиот Lowlands, германскиот Wacken Open Air или унгарскиот Sziget.

EXIT доби и уште две големи признанија од страна на стручното жири со дополнителни две номинации во две специјални категории, „Take a Stand!” наградата за општествено ангажирано делување, но и за најдобар организатор на ниво на цела Европа! Причината лежи во тоа што сите четири фестивали во организација на EXIT тимот, Sea Star во Хрватска, Revolution во Романија, EXIT во Србија и Sea Dance во Црна Гора, се изгласани меѓу десетте најдобри во Европа, секој во својата категорија. Со номинациите и за двете специјални награди, EXIT тимот има вкупно дури шест номинации од вкупно 12 различни награди за најдобрите фестивали!

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top