Актуелно

Каталонскиот парламент донесе одлука: Идната недела ќе одржи седница


Каталонскиот парламент ќе ја игнорира забраната на шпанскиот суд и во понеделник ќе одржи расправа, објави претседателот на каталонската влада за надворешни работи Раул Ромева.

Ова е прв јасен одоговор од каталонската влада на одлуката на шпанскиот Уставен суд вчера со која се суспендира седницата на парламентот закажана за понеделник.

Во меѓувреме лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон, најави сесија на Парламентот за во вторник, на која најверојатно ќе се расправа за прогласување независност.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој понуди меѓупартиски разговори за пронаоѓање решение, со што ја отвори вратата за спогодба со која на Каталонија би и се дала поголема автономија. Тој ја отфрли независноста како опција и каталонскиот предлог за меѓународно посредништво.

Пратениците од шпанската владејачка партија тврдат дека Рахој планира да се повика на Уставот за да го распушти регионалниот парламент и со тоа да предвизвика одржување на нови избори во регионот, доколку владата прогласи независност.

Ромева за Би Би Си рече дека кризата може да се реши само по политички пат, а не преку судството.

Неговите изјави предизвикаа пад на шпанските акции и обврзници, како и уделите во двете најголеми каталонски банки.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top