Спорт

Официјално: Иниеста доживотно во Барселона!


Договорот на Андрес Иниеста со Барселона истекуваше на крајот на сезоната, па поради тоа се посилни беа шпекулациите за неговата иднина.

Легендарниот шпански фудбалер денес ги разреши сите дилеми и потпиша нов, „доживотен“ договор со каталонскиот гигант.

Андрес Иниеста денес потпиша доживотен договор со Барселона. Договор кој потврдува дека Андрес ќе остане во Барселона се до неговото пензионирање. Во 13 часот фудбалерот заедно со претседателот ќе го официјализираат договорот и ќе излезат пред новинарите“, стои во соопштението на Барселона.

Иниеста е член на Барселона од 1996 година, а точно на денешен ден дебитираше за тимот до 14 години. Во 2002 година го одигра првиот натпревар за сениорските тим на каталонците и оттогаш до денес има одиграни 639 натпревари и постигнато 55 голови за клубот од „Камп Ноу“.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top