Славни

Хју Хефнер очајно ја посакуваше НЕА на насловна од Playboy


Основачот на Playboy, Хју Хефнер, на насловната страна од своето списание ги објави најславните и најжешки шоубизнис убавици од втората половина на дваесеттиот век. Но, една славна пејачка не успеа да ја разголи за потребите на славниот магазин за мажи.

Новинарката Хајди Паркер, која работеше со славниот могул, тврди дека Хефнер очајно ја посакувал Бритни Спирс да позира и да се појави на насловната страна од Playboy. Таа тврди дека Хефнер, за кого работела од 2003 до 2006 година, а која сега работи за Daily Mail, бил еден од најинтересните луѓе со кои работела било кога, но истовремено и бил многу комплициран.

„Очајнички ја посакуваше Бритни Спирс на насловна од Playboy во 2004 година. Всушност, ја посакуваше на насловна уште од моментот кога таа наполни 18 години. Беше заљубен во неа. Дури и ми прати факс во кој пишуваше: „Ја сакам Бритни Спирс на насловна. Потпис Хеф“, тврди Хајди.

Иако Паркер му доведе ѕвезди како што се Пинк, Џенифер Тили, Ева Херцигова и Парис Хилтон, Хефнер не го сменил своето мислење.

„Ја сакам Бритни. Не сакам никоја друга, или Бритни или никоја. Наговорете ја да го направи тоа, списанието ќе се продава како лудо“, велел Хју.

Хајди му рекла дека за да ја наговорат ќе треба време, а иако менаџерот од Бритни рекол дека постои можност за тоа, Паркер знаела дека шансите се многу мали.

Основачот на Playboy почина на 28 септември, на 91-годишна возраст, без да му се оствари оваа голема желба.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top