Славни

Сепак не ја остави без ништо: Еве што ѝ остави Хефнер на 60 години помладата вдовица


Иако медиумите на големо пренесуваа дека нема да ѝ остави ништо како наследство, сепак, 60 години помладата вдовица од Хју Хефнер, Кристал Харис, не остана „со кратки ракави“ после неговата смрт.

На својата последна сопруга Хефнер ѝ остави седум милиони долари вредна вила која ја купи во 2013 година, како и кеш од 5 милиони долари, пренесува TMZ.

Вилјата која ја наследи Кристал има четири спални соби, пет бањи, простран ормар, маса за покер и огромен базен. Хју истата ја купи за нешто помалку од 5 милиони долари, но сега нејзината вредност порасна.

Сепак, таквиот недвижен имот доаѓа во пакет со високи месечни трошоци, па така во август вилата се изнајмуваше за 25.000 долари месечно, а во септември истиот оглас веќе беше тргнат, што значи дека некој се всели во истата.

Богатството на Хју Хефнер се проценува на 43 милиони долари, а тоа не ја вклучува вилата „Плејбој“ која ова лето ја продаде за 100 милиони долари на својот сосед Дарен Метропулос, под услов во неа да може да живее до својата смрт. Богатството од Хефнер ќе го наследат неговите деца, а нешто ќе добијат и хуманитарните здруженија.

Casinobonus.mk ви ги нуди сите информации за играње на онлајн казино во Македонија.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top