Екстра

Песни кои му пркосеа на системот и избегнаа цензура во бивша Југославија (видео)

бивша Југославија

Лесно со доза на носталгија многу се сеќаваат на животот во Југославија, а некои и то како ја запамтија цензурата на се што не се согласуваше со интересите на владеачката идеологија.

Додека се величеа песните кои го фалат режимот, оние кои упатуваа критики ретко успеваа да ја избегнат цензурата.

Сепак, на некои им успеа да објават хитови кои жестоко ќе се пресметаат со системот.

Azra, Poljska u mom srcu

Неколку месеци после протестот на работниците од полскиот град Гдањск, што означува и почеток на протестите во дел од источна Европа, легендарниот Џони Штулиќ ја објавува песната „Poljska u mome srcu“.

Во оваа песна се величи водичот на протестот во Гдањск, Полска.

EKV – Par godina za nas

Иако во песната нема директни критики на режимот, се покажа дека Милан Младеновиќ на суптилен начин изразува жалење за идните генерации родени во заедничката држава.

Riblja Čorba, Član mafije

Во оваа песна очигледно критиката се однесува на Сојузот на Комунистите на Југославија, а во песната зоброт мафија, го заменува името на партијата.

Иако упатувала критики кон партијата, песната без проблем е објавена и изведувана.

Бора Ѓорџевиќ, подоцна објасни дека за да добие дозвола за објава на песната членовите на државната комисија ги почестил во кафуле.

Zabranjeno Pušenje, Na straži pored Prizrena

Во оваа песна славниот сараевски бенд „Zabranjeno pušenje“ се пресметува со тогашните политички догми. Песната е работена во Косово.

Azra, Tko to tamo pjeva

Во оваа песна Штулиќ се обраќа на тогаш веќе починатиот Тито. Покрај отвореното исмејување на Маршалот, песната го критикува и малограѓанството.

Prljavo Kazalište, Mojoj majci

Песната изворно е посветена на мајката на Јасенко Хоура. После објавувањето доби друга конотација, а својот врв го достугнува на концерт во Загрев во 1989 година.

Idoli, Maljčiki

Првата песна на белградскиот бенд „Idoli“ пародира иконографијата во Југославија. Во спотот се појавуваат рудари и работници, а членовите на бендот глумат комунистички функционери, облечени во сиви смокинзи.

 

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top