НОВ ТАРАТУР: Освежен, среден, за подобро дружење во иднина!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Драги посетители, имаме добра вест. Дружењето со вас го продолжуваме со нов дизајн, нов подобар сервер, со далеку подобри заштити, што значи дека проблемите што ги имавме се зад нас.

Ви благодариме на сите за довербата, што и покрај се на што бевме подложени, останавте наши верни посетители. Се надеваме дека дизајнот ќе ви се допадне, како и целата структура. Технички, дизајнот е иновативен, модерен, прилагодлив за сите резолуции.

Овојпат решивме пред портите на 11-та година од нашето постоење, да промениме малку во концептот. Впрочем, во овие сериозно кризни времиња за Македонија, нашата антикризна редакција акламативно одлучи да му даде малку поголем фокус на хуморот, забавните содржини и се она што и досега не одликувало како портал. Или преведено на македонски, вестите кои вклучуваат политика, ги однесовме онаму каде што им е местото, во долниот дел на порталот, веднаш над содржините за возрасни.

Нема потреба да објаснуваме дека содржините кои вклучуваат секс (особено оној во мозокот) не се баш најпријатни пред целата публика, па затоа ги подзатскривме подолу на нашиот портал. Останатите содржини, како и стандардните рубрики по кои досега бевме познати – Вебкафе и Земјата на чудата, Шоубизнисот и светот на Славните ги имате на мошне видно место, веднаш под ударните вести.

Нешто подолу се Видео и Фото содржините, како и нашата специјална рубрика Екстра. Меѓу нив, содржините сместени во рубриките Живот и Нобел. Спортските вести, како и Вицовите ќе ги најдете на десната колона, меѓу рекламите на нашите поддржувачи и спонзори.

Останува да си посакаме уште многу години заедничко дружење и да ви заблагодариме уште еднаш што повторно на вашиот броусер гласавте за нас.