82-годишна откачена баба ја тресе клубската сцена во Токио


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сумико Ивамуро дење води кинески ресторан каде работио повеќе од 60 години, а ноќе лупа и лудува како DJ Mumirock и микса музика по токиските ноќни клубови.

Но, напорните денови и урнебесните ноќи не се единствената посебност на Ивамуро. Тука како изненадување се јавуават и нејзините години – има 82 лета врз својот грб.

Јапонија е позната по долговечните луѓе, а податоците за 2015 година велат дека лицата постари од 65 години прават вкупно 26,6% од вкупното население.

Како одличен пример за активен живот и во длабокото трето животно доба, Ивамуро ги забавува девојките и момците кои се и по цели 60 години помлади од неа во ноќниот клуб DecaBarZ, во токискиот кварт Шинџуку.

„Нејзината енергија ги надминува старосните граници“; вели 25-годишниот клабер Фуминари Фуџии. Ивамуро својата музика ја опишува како техно со примеси на џез, француски шансони и класична музика. Отсекогаш била љубопитна и упорна, па се надева дека еден ден ќе дебитира и на њујоршката клупска сцена.

„Кога стојам зад диџејскиот пулт сакам да го погодам вистинскиот ритам, да ја изберам вистинската музика“, вели таа. „Но, најголемо задоволство ми е кога ќе видам дека публиката ужива“, додава.