70 спортисти на средба со Премиерот: Ќе се гради Дом на спортовите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По инцијатива на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, со присуство на советникот за спорт на Премиерот, Даниел Димевски, денеска, во свечената сала во владата на Република Македонија се одржа работна средба за анализа на тековните состојби во спортот и предлог мерки и сугестии за унапредување на спортот.

На состанокот учество зедоа околу 70 спортисти, спортски работници претставници на федерации, клубови, градоначалници, долгогодишни спонзори и поддржувачи на спортот, а целта на овој настан беше да се промовираат мерките, можностите и измените кои се однесуваат на развојот на спортот, како и да се слушнат сугестии и предлози од сите поканети.

„Заедно со спортската фела, сакаме да ја продискутираме ова многу значајна работа – спортот, кое е нешто што сите не обединува. Да се потрудиме да ја тргнеме политиката од спортот. Политиката, низ институциите треба да е поддржувач на спортистите“, рече Премиерот Заев на состанокот.

Премиерот, во текот на средбата, ја најави изградбата на Дом на спортовите, кој како една административна целина во себе треба да ги вдоми сите спортски федерации и да ги надополни непостоечките елементарни услови за работа на спортските федерации, што е дел од владината програма.

„Немам никакви политички очекувања од ова. Дајте да направиме спорт достоен за Македонија“, рече Премиерот Заев пред присутните.

Во работниот дел од средбата, од советникот за спорт, Даниел Димевски, беше презентирана детална свот анализа на позитивните и негативните страни на актуелната ситуација во која се наоѓа македонскиот спорт, а беше и презентиран Предлог акциски план „Анализа за состојбите во спортот во Република Македонија“.