7 работи кои може да ги научите од луѓето кои изневеруваат

изневеруваат

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако мислите дека со личноста со која го изневеруваш партнерот, дека ќе ја потполни емоционалната празнина, тогаш не сте во право.

Обично во животот треба да се трудиме да учиме на сопствените но и на туѓите грешки. Кога ќе забележиме кои се последиците од одредени постапки, се запрашуваме – требаше ли да постапам на тој начин? Сакам ли тоа да ми се случи мене? А тоа е посебно важно кога се во прашање врските или пријателствата.

Ретко завршуваш со личност со која изневеруваш

Ова можеби звучи контрадикторно, затоа што луѓето најчесто изневеруваат од две причини:

  • Несреќни се во врската во која се наоѓаат
  • Друга личност им го пружа тоа што им недостасува

Но она што се случува помеѓу тие две личности е фантазија. А таа со тек на време потполно исчезнува.

Мислиш дека никој нема да биде повреден ако успееш да зачуваш се во тајност

Небитно дали некој друг освен ти и другата личност ќе го знаат изневерувањето, секогаш со таква постапка ќе повредиш некого. А тој некој сте вие самите. Обично откако аферата ќе заврши, она што ви останува е болка која е тешко да се избрише. Можеби ќе успеете се да зачувате во тајност, но, душевниот мир ќе го нарушите а тоа е многу важно.

Изневерувањето не е само сексуално

Врските обично се распаѓаат поради многу длабоки причини, а не само поради физичко неверство. Тајните пријатели од спротивен пол со кои ги делите вашите стравови, може да штети повеќе од неколку месечна афера.

Многумина мислат дека може да се ностат со тоа

Многу луѓе мислат дека може да го поднесат фактот дека ги превлекува некој друг, и сето тоа е во ред додека не ја преминат физичката граница. Но на крајот сите ја преминуваат таа граница, па дури и да се работи за бакнеж.

Ако имате потреба да изневерите, тоа е јасен знак дека врската не е во ред

За многу луѓе еверството е ужасна работа, па дури и помислата на тоа. Па се плашат да признаат дека врката нема да успее, и наместо да прекинат тие изневеруваат. И поради тоа се впуштаат во афери со други луѓе.

Жените најчесто изневеруваат поради емоционални празнини

Тие очекуваат дека таа друга личност ќе ги потполни емоционалните празнини, кои настанале со тек на време. Но тоа не е решение на проблемот. Решението е во тоа самите да се преиспитате и да сфатите во што е проблемот. Постојат и други начини да се потполнат тие празнини, без притоа да изневерите.

Не се лоши личности сите оние кои изневеруваат

Во поголем број тие не се злобни луѓе, секој може да донесе погрешна одлука, во погрешна ситуација. Она што одредува во која категорија спаѓаат, е дали после тоа се трудат да ги подобрат работите.