Љубов и секс

5 причини зошто утринскиот секс е подобар од вечерниот


Aлармот рано наутро е еден од звуците кои знаат страшно да не иритраат, бидејќи тоа има само едно значење – станување, а најмногу што сакаме да направиме е да се завртиме на другата страна и да продолжеме со спиење.

Доколку тоа не го земеме во предвид, утрото е одлично време за секс бидејќи ќе ве разбуди и ќе ви даде полет дури и тогаш кога немате воља за ништо.

Меган Флеминг, експерт за врски и секс, открива зошто секој ден треба да го започнете со секс пред да го испиете вашето утринско кафе.

1. Ќе се осеќате спремни за дневните предизвици

Ако сте успеале да фатите осум сати сон, утринскиот секс може да ви дојде како шлаг на тортата. Не е задолжително секој ден истиот распоред да го применувате, но посветете внимание на тоа.

2. Хормоните се појаки наутро отколку навечер

Мажите наутро природно произведуваат повеќе тестостерон, па сакаат повеќе секс наутро. Тоа не е доволна причина за уживање пред работа?

3. Се уште не сте доволно разбудени, а и тоа е добра работа

Многу малку луѓе наутро се потполно разбудени, барем се додека се во креветот. Мозокот е се уште во мирување, а тоа е одлична прилика за секс бидејќи тогаш не мислите на обврските кои ве чекаат.

4. Денот ќе ви биде убав и позитивен

Оргазмот го создава хормонот окситоцин кој е заслужен за добро расположение, а тоа е всушност вистинското нешто кое ви е потребно наутро.

5. Ќе ја разбиете сексуалната рутина

Зошто да се сексате само навечер? Кој го одредил тоа? Пробајте наутро, разбијте ја сексуалната рутина, бидејќи и утринскиот секс си има посебен „шмек“.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top