Со 5 насто повисоки плати министерот Филипче ќе спречува „лекарска бела чума“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со пет насто повисоки плати и обуки од европски експерти, министерот за здравство Венко Филипче ќе се обиде да го спречи масовното заминување на лекарите од Македонија.

Во интервју за радио Слободна Европа, првиот човек на македонското здравство изјави дека од првата половина на оваа година ќе се зголемат парите за дежурствата на лекарите додека во втората половина се планира и покачување на платите за 5%.

Филипче додаде дека здравствените власти се во преговори со цел лекари од Европа да обучуваат наши доктори.

Лекарите пак велат дека доаѓањето на странски експерти, ќе донесе подобрување на лекарските услуги.

Доаѓањето на странските експерти кај нас верувам ќе го покачи нивото на услуги и ќе им овозможи на нашите колеги да го зголемат нивото на подготвување и нивото на услуги. Верувам има простор за спроведување на овие искуства. Земени се многу материјални средства кои за жал момементално не се користат во недостиг на соодветно вештачење, така да мислам дека има простор за дејствување. Мислам дека треба да се најде соодветен начин како да ги задржиме лекарите во земјава бидејќи имаме многу квалитетна младина“, вели Алберт Леши- претставник на лекарската Комора на Македонија.

Голем број домашни лекари во минатото се обучувани во земјите на Европската Унија. Со носењето европски лекари во Македонија, домашните ќе се обучат како да практикуваат софистицирани методи во медицината.