Живот

5 модерни трендови кога е во прашање разводот


Доколку е неизбежна таа ситуација, барем помалку нека боли и за возрасните, но и децата.

Разводот може да се каже дека е станат еднакво популарен како и венчавањето, не е лошо да погледнете како се однесуваат паровите, па од тоа да извлечите заклучок.

Според пишувањата на Пур Лол, каде се цитирани неколку стручњаци за бракови, ова се најновите трендови.

Живеат во близина

И покрај тоа што родителите започнуваат нов живот детето останува во куќата каде што живеело. А еден од родителите се преселува блиску. Во почетокот тоа излгеда како добро решение, и повеќето остануваат така се до полнолетство на детето. Со тоа се избегнуваат траумите кои може да му наштетат.

Тренер за развод

Тие се секогаш при „рака“ кога имате потреба од било што за време на разводот. Тие се професионална поддршка, рамо за плачење и помошници. Тие професионално ќе ве упатат кон постапките, и процедурата која треба да ја извршите при развод.

Продолжуваат да живеат и работат заедно

Некои парови продолжуваат со животот во ист тек. Ако имаат заедничка компанија или заедничка цел тие продолжуваат да работат заедно. Голем дел во истата куќа се одделуваат само физички по посебни простории.

Апликации за разведени родители

Постојат и такви апликации кои им помагаат на родителите лесно да ги планираат обврските и информациите за детето. Некогаш проблемите доаѓаат баш поради тоа, неорганизираност во планирањето, грешна комуникација и слично.

Викендите често ги поминуваат заедно

Овој тренд е во пораст, но нажалост не е толку чест. Но, паровите кои продолжуваат да живеат близу еден до друг имаат добра меѓусебна комуникација. Тоа го прават поради детето се со цел да не почувствува одбивност кај ниту еден од родителите.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top