Живот

4 најчести грешки кои ги правите за време на склековите


Склекот е класична вежба која сите ја знаеме уште од мали нозе.Но, со текот на овие години сигурно сме вметнале и лоши навики додека ги правиме склековите. Ако сакате подобри резултати ќе мора да ги усовршете вашите склекови.

Се концентрирате само на дигањето

Иако движењето се сведува на подигнување на телото, на смее да се занемари и спуштањето надолу.

Решение: Во горната позиција, замислете дека се обидувате да ископате дупка со сите прсти. Ова ќе ги активира сите мускули при подигањето

Рацете ги држете прешироко

Поставете ги рацете широко, склекот ќе биде полесен и ќе постигнете подобри резултати.

Решение: Дланките наместете ги рамно под рамената. Ова ќе го отежне правењето на склекот, но резултатите ќе бидат подобри.

Не се истегнувате после вежбање

Тензијата која се создава за време на вежбањето води до раст на телото, но ако не се истегнете, тоа ќе значи нерамнотежа и болка.

Решение: Измеѓу сериите истегнете се на топка. Така ќе го опуштите скоро секој мускул, а резултатот ќе биде одличен,

Мрдање на вратот

Кога рацете ќе се заморат, знае да се случи вратот да мрда премногу. Освен што изглед смешно, ова го расипува крајниот резултат.

Решение: Телото треба да биде право и да оформува црта од глава до глуждовите. Кога некој ќе стави рачка од метла на вашиот грб, треба да ви ја допира главата и долниот дел од телото.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top