Вебкафе

30-годишна жена се вљуби во 16-годишен тинејџер: Тој е прекрасен татко, сам го породи нашето дете


Кетлин Мартин и Џек Фасил се запознале преку Фејсбук во 2015 година и доста брзо започнале љубовна врска, а само после седум месеци Кетлин открила дека е бремена.

Тие двајца не би се разликувале многу од секој друг обичен љубовен пар со ваква љубовна приказна да не беше Џек двојно помлад од Кетлин која е мајка на неговото дете. Кога се запознале, таа имала 30 години, а тој само 16. Кетлин, освен што има двојно повеќе години, има и две деца од претходните врски, а нејзиното повозрасно дете е само пет години помало од Џек.

Анџела, мајката на Џек, која е само осум години повозрасна од Кетлин, не ја прифатила баш најдобро нивната врска, но самите тие не гледаат никаков проблем во сето тоа.

„Џек е зрел за своите години. Без оглед на разликата во годините, одлично се сложуваме. Кога дозна дека ќе стане татко, после првичниот шок, беше воодушевен“, открива Кетлин за The Sun.

За приказната да биде уште поинтересна, Џек самиот го породил нивното дете. Една вечер, додека се подготвувале за спиење, на Кетлин и пукнал воденикот, три недели пред нејзиниот термин за породување.

„Јас врискав од болка, а Џек се јави во болница. Преку телефон му објаснија што треба да прави. Сè заврши за пет минути. Кога бебето излезе беше многу посинето, но Џек одма се снајде. Го пови во крпа и се обиде да го загрее. После неколку минути бебето доби нормална боја и почна да плаче“, раскажува Кетлин.

Нивното синче Џеј моментално има девет месеци, а нејзините повозрасни деца го обожаваат.

„Ние сега сме едно големо и среќно семејство. Многу сум горда на Џек. Додека другите дечки на негови години се опиваат, тој е прекрасен татко. Кога Џеј малку ќе порасне ќе му раскажуваме како го породи неговиот татко. Ќе му кажуваме колку одлична работа заврши“, додава среќната мајка.

За Џек породувањето било неверојатно искуство.

„Бев во шок кога Кетлин почна да се породува во спалната соба. Беше прилично надреално. Никој од моите пријатели никогаш не породил бебе. Долго бев во шок, но сега сум горд на тоа како постапив“, вели тој.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!