30 дена притвор за Игор Дурловски, куќен притвор за Пешевска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оперскиот певец, Игор Дурловски, кој учествуваше во крвавиот четвток од 27 април, доби 30 дена притвор, дознава и пренесува „Макфакс“. Тој е еден од обвинетите за кои судија на претходна постапка определил мерка за обезбедување присуство. Куќен притвор добила пратеничката Жаклина Пешевска.

Ексминистерот во МВР, Митко Чавков, во исказот пред судот дел од вината за непостапувањето ја префрлил врз полицајците под изговор дека тие независно од командата можеле да дејствуваат. Чавков се пожалил на својата здравствена состојба и побарал лекови.

Од 36 обвинети, полицијата успеала да пронајде и да уапси 24. „Алфите“ трагаат по другите 12.