Актуелно

24-годишно момче загина во сообраќајка на автопатот Неготино-Гевгелија


Рано утрово на автопатот Неготино-Гевгелија се случила тешка сообраќајна незгода во која загинало 24-годишно момче од Неготино.

Портпарол на СВР Велес за „Макфакс“ истакна дека сообраќајната несреќа се случила околу 3 часот и 30 минути, кај местото викано Арсова Лака.

„Во незгодата учествувале автомобил ‘сеат леон’ со неготински регистарски ознаки управуван од 24-годишниот С.Ј од Неготино и теренско возило ‘мерцедес’ со скопски регистерски ознаки, управувано од 65-годишниот Ѓ.Ч од Скопје“, соопшти Додевски.

Од засега непознати прични дошло до директен судир меѓу двете возила, при што возачот на „сеатот“ починал на самото место, а возачот на „мерцедесот“ со тешки телесни повреди бил префрлен во болница во Кавадарци.

Поради сообраќајната незгода, сообраќајот на патниот правец беше во повеќечасовен прекин во двата правци и за сите видови возила, но по спроведениот увид од страна на полицијата истиот беше нормализиран околу 8 и 30 часот утрово.

Извор: Макфакс

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top