Нобел

До 2023 над 90 насто од возрасните ќе бидат блиску до ОВА


Употребата на смартфоните полека но сигурно се зголемува и зазема сè поголем замав. Според истражувањето на „Дилојт“, „Трендови во областа на технологиите, медиумите и телекомуникациите“, до крајот на 2023 година се очекува повеќе од 90 отсто возрасни во развиените држави да имаат таков телефон.

Во истражувањето се вели дека 85 отсто од луѓето на возраст меѓу 55 и 75 години ќе бидат сопственици на паметен телефон.

Дилојт најавува дека корисниците за пет години односно во 2023 година, во просек ќе го употребуваат телефонот по 65 пати дневно.

Во исто време, 45 отсто возрасни корисници на паметни телефони и 65 отсто од оние од 18 до 24 години, ќе бидат загрижени дека премногу користат телефони за одредени активности и ќе се обидуваат да ги ограничат потребите во 2018 година.

Се очекува и дека повеќе од милијарда корисници на паметни телефони веројатно ќе креираат содржини со „проширена стварност“ барем еднаш во 2018 година, додека најмалку 300 милиони веќе тоа го прават месечно, а десетици милиони – неделно.

Дилојт смета дека традиционалното гледање телевизија ќе се намалува за околу пет до 15 отсто годишно меѓу популацијата на возраст од 18 до 24 години во САД, Канада и Велика Британија во 2018 година.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top