200 милиони евра заминаа во неповрат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија во последните десет години прокоцкала околу 200 милиони евра од европските ИПА фондови. Од компонентата ИПА 1, која се однесува на периодот од 2007 до 2013 од вкупно достапните 614 милиони евра, склучени се договори за искористување на 437 милиони евра односно 70 отсто. Од овие пари до денеска се исплатени помалку од половина што се должи на спората реализација на дел од проектите.

Над 150 милиони евра воопшто не се искористени, а постои опасност до крајот на годината да отидат во неповрат уште 33 милиони евра.

„Станува збор за мерки и дејства со кои се обидуваме да спасиме колку што е можно повеќе средства од ИПА 1, коишто доколку не успееме да ги реализираме до крајот на годинава, ќе бидеме принудени да ги вратиме назад во буџетот на Европската Унија. Станува збор за средства во вредност од 30 милиони евра наменети за различни проекти за чија реализација останува краток временски рок, односно декември 2017 година“, изјави Бујар Османи, вицепремиер задолжен за европски прашања

Станува збор за парите кои се наменети за изградба на граничниот премин меѓу Бељановце и Станчиќ, прочистителна станица во Прилеп и реконструкција на железничка пруга Битола за Кременица.

„Првиот предизвик е нивно навремено завршување, но поради доцнење на реализацијата во претходниот период на дел од проектите може да постои потреба од нивно финансирање преку буџетот на РМ во 2018 година”, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии

Според Тевдовски, најнизок степен на искористеност од само 33 отсто има кај ИПАРД компонентата односно европските пари наменети за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Во однос на ИПА 2, каде Македонија на располагање има 644 милиони евра, утврдени се проекти во вредност од 445 милиони евра додека 46 милиони евра веќе се пропаднати.