20 најтешки прашања на интервју за работа: Проверете дали би ве вработиле во најдобрите фирми


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интервјуата за работа се едни од најстресните моменти во животот на повеќето од луѓето, а уште ако станува збор за интервју за вработување во некоја од најпознатите светски компании, тогаш стресот и тремата се во огромни количини.

Прашањата на тие разговори често се по малку чудни и збунувачки, па на кандидатите често не им е јасно зошто им било поставено токму тоа прашање. Бизнис порталот Glassdoor состави листа од 20 најтешки прашања поставувани на интервјуата за вработување во некои од најугледните светски компании како Tesla или Microsoft. Ги имате дадено прашањата, позицијата за вработување за која биле поставени, и најточните можни одговори. Дали би се снашле да одговорите како што треба на нив?

1. Што е во вашето CV најблиску до лага?

Оддел за маркетинг и комуникации, The Phoenix Partnership

Точниот одговор е: Ако веднаш кажете „ништо“, ќе испадне како да сакате да сокриете нешто, па дури и да сте целосно „невини“. Најдобро е да кажете дека сите со својата биографија се обидуваат да го истакнат најдоброто од себе и за себе, што всушност е и суштината на тој документ, но дека сметате оти лажењето и претерувањето е непотребно и погрешно, па разговорот да го насочите кон некој од вашите најголеми квалитети.

2. За што размислувам моментално?

Регионален директор, TES Global

Точен одговор: Ова прашање гледајте го како подарок на интервјуто. Со вашиот одговор разговорот насочете го кон она во кое сте најдобри и за кое имате многу што да кажете. На пример, можете да речете: „Веројатно размислувате за тоа како сум успеал/успеала да постигнам толку многу во животот, истовремено гледајќи три деца“, или „Сигурно се прашувате каде се гледам за десет години“, или нешто слично.

3. Како би ве опишал вашиот непријател?

Оддел за огласување и продажба, Conde Nast

Точен одговор: Овде можете да ги уверите испитувачите дека сте мирољубива личност која нема непријатели, но дека воедно ужива во натпреварувачка атмосфера, каква што, на пример, владее во спортот.

4. Да имате пријател кој конкурира за работа и лице кое ги има целосно истите квалитети како и вашиот пријател, но знаете дека пријателот ќе ви донесе помала заработувачка, кого би го вработиле од нив двајца?

Оддел за човечки ресурси, Hays plc

Точен одговор: Ова е исклучително тешко прашање кое на тест ги става вашата етичност и морал. Би било најдобро да кажете дека во тој момент не ве интересират парите или провизијата, туку дека ве интересира кое лице е најдобро и најспособно за тоа работно место.

5. Се наоѓате заробени на Месечината со уште 20 астронаути и мора да патувате 200 милји назад до базата. Еве го пописот на 15 ствари спасени од леталото, подредете ги по важност.

Оддел за продажба, Turnstone Sales

Точен одговор: Конкурирате за позиција во оддел за продажба, не за патување на Месечината, а ова прашање е тест како реагирате во стресни ситуации. Во ваква ситуација немојте да се плашите да поставувате прашања кои ќе ја разјаснат и дообјаснат задачата, како и да размислувате на глас.

6. Да е тука вашиот најдобар пријател, кој совет би ви го дал?

American Express

Точен одговор: Ова е уште едно прашање кое треба да го сметате за подарок. Разговорот одведете го во насока која најмногу ви одговара, па кажете: „Веројатно би ми рекол да не заборавам да го споменам волонтерското искуство“, или нешто слично.

7. Која е ваша најголема слабост? А после неа, опишете уште една таква.

Софтвер инженер, Palantir Technologies

Точен одговор: Ова е прашање на кое сите кои одат на разговор за работа треба да бидат подготвени. Пред интервјуто составете листа на нешта во кои не сте посебно добри, но кои не влијаат директно на работното место за кое аплицирате. Потоа истакнете некои примери од минатото кога таа слабост сте ја претвориле во нешто позитивно.

8. Како се носите со повторувањето во работата?

Развој на производи, Tesla

Точен одговор: Нагласете дека сте свесни оти постои одредено количество на повторувања во секоја работа, меѓутоа, пред разговорот за работа добро проверете што се очекува од вас на работното место за кое се пријавувате, а со тоа и колку повторувачка работа ве чека таму, па имајќи го тоа на ум, одговорете на прашањето.

9. Како на 7-годишно дете би му го објасниле поимот cloud computing?

Microsoft

Точен одговор: Децата во тој период веќе користат компјутери и мобилни телефони, па се запознаени со технологијата, поради тоа одговорете на прашањето имајќи ги на ум сите активности кои би им биле интересни на децата при користењето на компјутер (играње игри, слушање музика, гледање видео и слично).

10. Три личности со различни плати сакаат да пресметаат просечна палта, но никој од нив не сака другите двајца да дознаат колкава плата зема. Што треба да направат?

BAE Systems Applied Intelligence

Точен одговор: Нека секој од нив ја запише сумата на парче хартија и тоа ливче нека му го даде на четврто лице кое ќе го пресмета просекот.

11. Кој е ваш херој и зошто?

Оддел за испитување на квалитетот на производи, GE

Точен одговор: Овде можете да го одберете било кој лик од областа на спортот, политиката, забавата, бидејќи поважен дел од ова прашање не е кој, туку зошто. Описот на квалитетите на таа личност говори многу за вас.

12. За најмногу жалите во досегашното управување?

Регионален директор, Regus

Точен одговор: Изберете некоја ситуација од почетокот на вашата кариера и зборувајте за тоа што сте научиле и какво искуство сте извлекле од истата. Овде е битно да се покаже и истакне вашиот напредок.

13. Што би го прашале директорот на компанијата кога би се запознале со него?

Аналитичар на ефикасноста, British Airways

Точен одговор: Одберете нешто стратешко, сепак, тој е директор, не било кој друг вработен во компанијата. Одлучете се за некоја неодамнешна вест која сте ја чуле за компанијата или нешто слично што сте виделе на социјалните мрежи.

14. Имате 50 сини и 50 црвени објекти. Како би ги распоредиле во контејнери за да добиете максимална односно минимална можност за извлекување на некоја боја?

Аналитичар, Clearwater Analytics

Точен одговор: Во еден контејнер би ги ставиле само црвените објекти, а сите други во друг контејнер.

15. Што значи за вас социјална правда?

Маркетинг, Thought Works

Точен одговор: Ако ви се чини дека прашањето не е поврзано со работното место за кое аплицирате, можете да прашате за повеќе детали во врска со тоа прашање, за вашиот одговор да влијае на деловното опкружување. Но, имајте на ум дека ова може да биде и прашање со кое се испитуваат вашите политички ставови или едноставно се проверува колку храброст имате.

16. Како се носите со лошите денови?

Консултант, Switch Consulting

Точен одговор: Ако досега сте се сретнале со стрес на работа, сигурно веќе имате развиено некакви заштитни механизми, така што слободно наведете ги примерите од вашето работно минато. Ова, исто така, е можност на испрашувачот да му овозможите увид во вашиот приватен живот, па можете да кажете нешто од типот: „Одам во теретана“ или слично.

17. Дали сте добра личност?

Badoo

Точен одговор: Избегнувајте категорични одговори со „да“ или „не“. Размислете за вашиот тип на карактер и културата на компанијата во која сте на разговор. Што ви говори чувството за луѓето кои работат во таа компанија? Послушајте го вашето чувство.

18. Проценете го бројот на голови во Премиер лигата.

Сметководител, VAX

Точен одговор: На ова прашање е невозможно да дадете прецизен и точен одговор, но најблиску до истиот ќе бидете ако просечниот број на голови по натпревар (2,77) го помножите со бројот на натпревар (380).

19. Кажете ни нешто за вашето детство.

Оддел за учење и развој, Next

Точен одговор: Поврзете нешто од вашето детство со вашата кариера, пример: „Често патувавме, поради што сега сакам работа во интернационални компании“.

20. Која е најсебичната работа која сте ја направиле?

Консултант, Page Group

Точен одговор: Немојте да се „слизнете“ на ова прашање. Одговорете мудро и мирно, нешто од типот: „Не сум себична личност, но секогаш се трудам да одвојам малку време и за себе во неделата“.