20 години после аферата: Моника Левински го смени ставот за сексот со Клинтон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бившата стажантка во Белата куќа, Моника Левински, во светло на движењето #MeToo го смени погледот на секс аферата која ја имаше со бившиот претседател на САД, Бил Клинтон, оценувајќи дека, во суштина, станувало збор за „голема злоупотреба на моќта“.

Врската помеѓу тогаш 22-годишната Левински и 27 години постариот Клинтон резултираше со иницирање на постапка за негова смена во 1998 година. Денес 44-годишната Моника напиша текст за Vanity Fair во кој ризнава дека почнала да размислува за импликациите „на големиот јаз во нивото на моќта“ помеѓу неа и претседателот.

„Почнувам да ја прифаќам мислата дека во такви околности согласноста може да биде спорна (…) неврамнотеженост на моќта и можноста таа моќ да се злоупотреби дури и кога ќе имате согласност за сексуален однос“, напиша Левински.

Иако тврди дека не станувало за сексуална злоупотреба и напад, тоа било секс со нејзин претпоставен и надреден – постар моќен маж „со доволно животно искуство подобро да знае некои работи“.

Исто така, таа додаде дека тоа не ја лишува од нејзиниот дел во одговорноста за она што се случи.

Движењето #MeToo за неа било утеха, вели Моника и додава дека една од челните жени на движењето ја утешила со зборовите дека жалела што Левински во таа афера била оставена сама, напуштена и отфрлена.