20 години од објавувањето на „најлошата песна на ’90-те“: Овој весел хит говори за нешто одвратно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако сте растеле во 1990-те години, веројатно не сте ја пропуштиле заразната и еднакво иритантна песна Barbie Girl, која музичкото списание Rolling Stone ја прогласи за најлоша песна на тој временски период.

Овој поп денс  хит пропратен со многу шарен ужас и кич од спот, кој не можеше да го одбегнете и да сакавте, неодамна одбележа 20 години од своето објавување. Тоа многумина ги натера да се потсетат на приказната која стои зад една од најиритирачките песни на сите времиња.

Барби против Barbie Girl

Како прво, треба да се истакне дека станува збор за песна која ги поларизираше слушателите. Дел од нив се сложија со уредничката екипа на Rolling Stone, додека други јавно (или потајно уживаа во секоја секунда од песната на данско-норвешката поп група Aqua, но и во претераниот спот кој во деведесеттите можеби изгледаше бизарно, но во денешно време воопшто не се разликува од она што во своите спотови го сервира, да речеме, една Кети Пери.

Спотот не им се допадна ни на луѓето во компанијата Mattel, која членовите од групата ги влечкаше по судови (случајот се најде дури и пред Врховниот суд), трудејќи се да докаже дека перверзните Данци го нарушиле угледот на нивната најпопуларна плавуша на светот – познатата кукла Барби. Секако, целата приказна заврши неславно за производителите на култната Барби, а и самите тие, години подоцна, песната ја искористија во една своја реклама. Уште повеќе, пресудата од Врховниот суд го имаше едно од најлегендарните образложенија, а во пресудата стоеше мислењето од судот дека „и двете страни би требало да оладат малку“.

За што станува збор во песната?

И покрај тоа што повеќето сте ја чуле „милион пати“, многумина ни ден денес не знаат за што точно се пее во песната и веруваат дека ова е само уште една бенигна поп песна, или своевиден феминистички проглас, поточно критика на сето она што го претставува Барби.

Но, и двете размислувања се погрешни.

Песната има навистина подлабоко значење (добро, не претерано длабоко), но тоа нема врска со феминизмот. Ели Гемил за Bustle неодамна напиша опширен текст во кој се позанимава со темите за кои се пее во песната, а кои, поради заслепувачкото шаренило и заразниот ритам, останаа скриени од најголем дел од слушателите.

Имено, песната не промовира феминизм, туку токму спротивното. Барби во овој случај е празноглава плавуша чија единствена функција е да биде сексуална играчка на Кен. Свесна за тоа и целосно предадена, таа ќе направи сè (може да ја облекува, да ја средува нејзината фризура, да ја секса, а ќе му пружи и орален секс) само да не ја остави. Сето тоа ја шокирало авторката која заклучува дка песната е одвратна и дека во неа не постои ништо феминистичко.

Контроверзна од почетокот

Секако, станува збор за очекуван современ осврт на целосните небитности (како што е Barbie Girl) во кои авторите и авторките пречесто наоѓаат спорни содржини од кои се „згрозени“. И колку и да е овој осврт на песната од деведесеттите безначаен, толку е интересно дека овој омразен хит и 20 години подоцна успева да си пронајде место во медиумите.

На крајот на краиштата, песната од самиот почеток предизвика контроверзии поради сексуалната двосмисленост, а откако се појави во Данска, многумина се побунија сметајќи дека на радио нема простор за таква песна. Сепак, песната ги освои не само данските, туку и светските радио станици, а Universal Music; за кои потпиша Aqua, застана на страна на бендот и одлучи да ги игнорира бројните приговори.

Најуспешниот дански бенд на сите времиња

И беа во право.

Оваа четворка (Лене Нистром, Рене Диф, Сорен Растед и Клаус Норен) стана најуспешниот дански бенд на сите времиња, со продажба од 33 милиони албуми и синглови. Секако, повеќето ги паметат по Barbie Girl, но зад себе имаат уште два големи хита, Doctor Jones и Turn Back Time, која се појави на саундтракот од филмот со Гвинет Полтроу, Sliding Doors.

Се распаѓаа и повторно се реформираа неколку пати (последен пат минатата година кога настапија во рамки на фестивалот We Love the 90’s), а Нистром, Диф и Растед остварија и сосема пристојни соло кариери. Лене и Рене Диф имаа и филмски кариери, Растед беше прогласен за еден од најдобрите поп текстописци и продуценти кои ги дала скандинавската поп сцена, а Клаус Норен минатата година конечно го напушти бендот.

А Barbie Girl уште добро се држи со повеќе од 390 милиони прегледи на YouTube. Ако дури сега сфативте дека Aqua во ’90-те цело време ви сервирале „валкани работи“ – добре дојдовте во светот на возрасните.