2,5 милиони гласачки ливчиња за референдумот во Каталонија запленети од шпанската полиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанската полиција вчера заплени околу 2,5 милиони гласачки ливчиња наменети за референдумот за независност на Каталонија, како и околу четири милиони поштенски ковертит, пренесе DW.

Полицијата, исто така, заплени 100 кутии за гласање од магацин во градот Игуалада. Фирмата, од која се конфискувани тврди дека тие биле подготвени за изборите во фудбалскиот клуб Барселона.

Сепаратистичките здруженија АНС и “Омниум” ги повикаа жителите на Каталонија да демонстрираат желба да се одделат од Шпанија, иако намерата на властите во Мадрид е да го попречат одржувањето на референдумот.

Организациите се понудиле да се формираат мирни редици пред избирачките места, кои сео блокирани од полицијата. “Пред сè, не заборавајте дека ова не е демонстрација, а огромна опашка за чекање. Сликата на милиони луѓе со билтени во раце ќе предизвика огромен впечаток “, напиша групата АНС во свое обраќање кон приврзаници. Се очекува дека властите на Шпанија ќе подготват 26 илјади полицајци за спречување и отворање на 2.500 гласачки места во Каталонија, кога во недела на 1 октомври се организира референдумот за независност.