18 загинати во стравична сообраќајка помеѓу автобус и камион


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Осумнаесет патници загинаа во јужна Германија кога автобусот со кој се превезувале се удрил во камион и се запалил. Германскиот министер за транспорт, Александар Добринт изјави дека останките на 11 луѓе биле извадени од автобусот, а властите се во потрага по останките на останатите 7 лица.

Според него, огнот кој го зафатил автобусот бил толку силен што само остатоците од челик се препознатливи. Несреќата се случила на автопатот во близина на Минхберг во Баварија. Во автобусот патувале 46 патници и двајца возачи. Останатите преживеани се спасиле, но заработиле изгореници.