75 Златен глобус: Ѕвездите во црно во знак на поддршка против жртвите кои се сексуално злоставувани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доделувањето на Златен глобус беше одржано помеѓу недела и понеделник, од два до пет часот по средноевропско време.

Многу холивудски ѕвезди носеа црна гардероба, а тоа беше во знак на протестот поради сексуалното вознемирување во филмската индустрија.

Една од номинираните актерки Кетрин Лангфорд рече дека актерите ќе носат црно во знак на солидарносот со жртвите од сексуалното вознемирување во Холивуд.

Во тој протест се придружија и машките филмски ѕвезди, а целта е да се прмовира кампањата „Времето истече“ посветена на жртвите на сексуалното вознемирување во Холивуд, но и во знак за борбата за еднаквост на половите.

Пејачката и глумица Мери Џеј Блејџ рече дека таа лично не доживеала такво нешто, но дека ќе носи црнина во знак на поддршка за тие кои се жртви.

Како што се наведува, 75 доделување на Златен глобус е прва голема церемонија откако Холивуд беше погоден со скандалот за сексуално вознемирување.