15 кулинарски тајни на најдобрите готвачи на светот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите ќе се сложат со тоа дека кулинарството е нешто посебно, како уметност. Затоа за да ја припемите вкусната храна, не ви е потребно само талент, потребни се и некои трикови со кои полесно ќе стасате до целта.

Во продолжение ќе ви ги претставиме неколку трикови кои ги спремивме за вас. Со овие трикови вашите јадења ќе може да се мерат со оние во најдобрите ресторани.

  • Доколу сакате чили пиперка, но проблем ви прави лутото? Потребно е само да ја исчистите пиперката од семските, а потоа исперете ја со ладна вода. Вкусот ќе остане ист, а лутото ќе исчезне.

  • За да припемите компир со крцкава кора, без притоа да го пржите во масло, посипете го компирот со брашно. Потоа измешајте и запечете го во рерна.
  • Не сте сигурни дали зеленчукот да го ставите во ладна или млака вода? Одговорот е прост: зеленчукот кој расте во земја се става во ладна вода, а оној кој е над земја во врела вода.
  • Водата во која се вареле компирите искористете ја за да припемите супа или чорба. Затоа што содржи витамини и хранливи материи.
  • Многу е едноставно да исечкате кромид на коцкички. Прво исечете го лукот на пола, а потоа отстранете го врвот. Направете хоризонтални зарези, а потоа неколку попречни и на крај исечкајте го. На тој начин ќе направите коцки чија величина зависи од бројот на зарези кои сте ги направиле.

  • За пирето од компир да биде „воздушесто“, заедно со млекото додадете и малку сода бикарбона, и промешајте на стандарден начин.

  • Постојат неколку начини на кои може од цитроните да исцедите многу повеќе сок. Се што треба да направите е да ги чувате во топла вода, или да ги загрееете 15-20 секунди во микробранова печка.
  • За оризот да биде вкусен и растресит, пробајте да го припремите во тава… Пред да додадете вода, пропржете го малку на масло. За на оризот да му додадете благ вкус на лук, стевете едно парче во водата за варење. А кога оризот ќе биде сварен извадете го.
  • На сите им е познато дека работната површина на која го развлекуваме тестото треба да се посипе со брашно. Ако месите благо тесто, наместо брашно ставете какао во прав. Тоа нема многу да влијае на вкусот на колачот, но ќе остави сосема блага арома.
  • Секој готвач има свои тајни за спремање на идеален бифтек. Но, сите имаат едно заедничко правило: Тавата мора да биде толку загреана, по што од неа ќе излегува чад.

  • Пред пржење риба маслото нема да прска ако во загреано масло се стави малку сол и брашно.
  • За да спремите идеално тесто придржувајте се до едно просто правило: оставете го путерот(маргаринот) и јајцата преку ноќ на собна температура.