15-годишен Авганистанец ја заклал својата бивша девојка Германка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


15-годишен Авганистанец, барател на азил во Германија, предизвика шок во државата откако ја уби неговата поранешна девојка, Германка која била на иста возраст како него.

Авганистанецот ја сретнал својата поранешна девојка во една продавница и ја убил, напаѓајќи ја со кујнски нож во продавницата, по што таа починала од повредите.

Судијата му одредил притвор на Авганистанецот. Против него е подигнато обвинение за убиство со предумисла, а според германските медиуми, мотивот засега не е утврден.

Авганистанецот пристигнал во Германија лани и неколку месеци бил во врска со убиената Германка.

На 15-ти декември родителите на жртвата поднеле кривична против Авганистанецот поради закани кон нивната ќерка.