13 мај, 1990 година – денот кога започна војната во Југославија: „Бојси имаа наредба да го убијат Пикси“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешен ден, пред 27 години, се случија нередите на натпреварот Динамо – Црвена Звезда. За случувањата зборуваше Рефик Ахметовиќ, полицаецот кој на „Максимир“ беше нападнат од Звонимир Бобан.

Неколку часа пред натпреварот почнаа тепачки помеѓу Бед Блу Бојси и Делије на улиците на Загреб, а потоа нередите се преселија на стадион. Вистински хаос настана кога Делије пробија на јужната трибина на која беа навивачите на хрватскиот клуб.

Тогаш едноставно „зовреа“ останатите трибини и дел од навивачите на Динамо истрачаа на терен и имаа судир со полицијата. Тој 13-ти мај многумина го сметаат за ден во кој започна граѓанската војна во Југославија.

Сликата на која се гледа како фудбалерот на Димано, Звонимир Бобан го напаѓа и удира полицаецот веднаш го обиколи светот, а и ден денес е синоним за крвопролевањето на овие простори.

„Кога малку ги стегнавме Бојси кои од север истрчаа на терен и ги прашавме што беше мотивот за дивеењето го слушнавме ова: Договорот беше да се убие Пикси! Сите потврдија дека добиле наредба да се убие Драганн Стојковиќ. Наскоро со промената на власта дојде и до промена на полициската управа па не се инсистираше да се открие кој ја дал наредбата да се ликвидира Пикси“, објаснува полицаецот Ахметовиќ.

„Него сакаа да го убијат веројатно бидејќи беше на рангот на Бобан, нивниот миленик и клучен пријател на Фрањо Туѓман“, вели Рафик и истакна дека нередите најверојатно биле режирани.

На крајот го прокемтира и судирот со Бобан кој остана на теренот откако сите играчи се повлекоа во соблекувалната и кој го удри Ахметовиќ.

„Удрив еден навивач кој тргна према мојот колега. Тогаш Бобан притрча и ме праша што правам на теренот. Наместо да оди во соблекувалната, Бобан ги повикуваше навивачите на терен. Тргнав према него и видов дека сака тепачка. Го удрив по препоните, а тој зеде залет и ме закачи по раката. Само го видов како скока, не стигнав да реагирам. Не очекував дека ќе ме нападне, да го знаев тоа ќе беше поинаку“, изјави Ахметовиќ.