13 ден антивладини протести, над 50.000 народ на улици


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


13 ден од антивладините демонстрации кои почнаа откако владата донесе уредба за ублажување на антикорупциските мерки од кои најмногу корист би имале политичарите.

Во неделата десетици илјади Романци протестираа во главниот град Букурешт и други градови против владата на социјалдемократите, која се обиде да протурка законски измени, декриминализација некои случаи на корупција, пренесува Reuters.

Речиси 50 илјади луѓе се собраа пред зградата на владата во Букурешт, носејќи плакати со натписи како Сакаме да работиме, а не да ве чуваме. Кулминација на протестот беше во околу 19 часот, кога демонстрантите поставија над главите хартија, обоена во црвено, жолто и сино, како симбол на националниот боја.

Иако по најмасовните демонстрации од падот на комунистичкиот режим во 1989 година уредбата беше повлечена, а министерот за правда поднесе оставка, граѓаните на Романија и натаму бараат нова влада и нов начин на управување во Романија.