12 години молчеле на предупредувањата за ваков ужас: 200.000 евакуирани поради дупка во брана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради попуштањето на браната во близина на градот Оровил во Северна Калифорнија, низ која неодамна се отвори голема дупка, итно беа евакуирани околу 200.000 жители, иако количината на водата која поминува низ пукнатините се намалува. Но уште не е јасно зашто властите 12 години не кажуваат ништо откако еколошките групи предупредија за најлошото сценарио.

Наредбата за евакуација следеше откако властите утврдија дека помошниот ѕид од браната на езерото Оровил може да попушти и да предизвика поплави во руралните области по должината на реката Федер.

Од Одделот за водени ресурси во Калифорнија, околу 16.30 часот по локално време, процениле дека во следните часови ќе има протекување на браната.

Ројтерс, сепак, објави дека состојбата е под контрола речиси три часа откако наддлежните пуштиле екипи на терен кои со хеликоптери ги пополнувале дупките од браната. Властите, исто така, испуштаат вода за да се намали нивото на езерото.

Оровил е град со 16.000 жители. На највисоката брана во САД, неодамна се појави огромна дупка, долга 80 метри, широка 50 и длабока 10 метри, но властите тврделе дека не постои никаква опасност за граѓаните кои живеат во нејзина близина.

Браната „Оровил“ на реката Перо се наоѓа на околу 240 километри од Сан Франциско, изградена е во 1968 година, а истоимената хидроцентрала има капацитет од 819 мегавати.

Она што го разлути населението, кое итно беше евакуирано, е фактот дека властите биле предупредени за ова сценарио- на високото ниво на вода и оштетување на главниот канал.

Оровил Меркур Хералд пишува дека од пред 12 години федералните и државните влади, и некои од најголемите агенции задолжени за вода, отфрлиле барање од три организации за заштита на животната средина во кои предупредиле дека преливникот на браната е стар и треба да се зајакне со бетон, а не само водата да се испушта низ недоволно регулираниот терен на ридот на источната страна од браната.

Групите предупредиле дека браната, која е во сопственост на државата Калифорнија, не ги исполнува стандардите за безбедност, бидејќи во случај на екстремни врнежи и поплави, огромни количини на вода од езерото ќе го оштетат главниот отвор за истекување. Ова ќе предизвика ерозија на почвата и поплави во градовите по должината на реката.

Експертите предвиделе и дека под голем терет од водата (што не може да биде ефикасно и доволно брзо да се испушта) може да попшути врвот на браната, која ќе нанесе огромна штета на хидронтралата, како и на луѓето и животната средина.

Како што стојат работите, повеќе предвидувања кои ги имаа еколошките групи се остварени, а властите и населението се надеваат дека браната нема целосно да попушти.