11 Хрвати минатата година во Белград го промениле полот

промениле полот

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Влезе во салата за состаноци, страмежливо ја испружи раката, го кажа своето име, додека ја повлекуваше столицата за да седне на големата маса.“ Раскажува докторот Ѓорџевич.

Младичот кој влегол во салата за состаноци во СТ Медика, болницата се викал Јаша. Тој бил студент во Љубљана, и имал 23 години. А изјавата на Јаша после завршувањето на операцијата гласела:

„Ова беше првиот роденден кој не пробав да го заборавам. Сега конечно се чувствувам себеси, сега сум конечно среќен.“ Докторот Ѓорџевич седнал до него, му ја стиснал раката и подигнал во воздух.

Јаша бил пациент на проф. д-р Мирослав Ѓорџевич, кој е 53 годишен доктор специјализиран за урологија и генитално-реконструктивна хирургија. д-р Ѓорџевич ги завршил студиите во Белград, но со своето знаење одамна ги преминува границите на својата земја. Тој е светски познат, а како потврда за тоа е што Американците му дале 0-1 виза која се дава само на најдобрите од цел севет. Таа виза е нешто како Нобелова награда, се дава на оние кои придонесле за науката. А д-р Ѓорџевич уште пред 15 години го исклучил „гласот“ на својот мобилен телефон.

Болницата се наоѓа во Белград, а Јаша се појавил како жена, д-р Ѓорџевиќ рекол дека „Сето е како што треба“.

За време на операцијата тимот од лекари, на Јаша му направиле пенис од грбни мускули, крвни садови и нерви. Првите стравови на Јаша биле поради тоа што свирел хармоника, дали би можел да ја поднеси нејзината тежина. Но поминал без никакви проблеми. Следен чекор во реконструкцијата бил мочниот канал и имплементацијата на протеза. А Јаша на крај ќе можел да има ерекција и оргазам, гласи изјавата на лекарскиот тим.

Операцијата за промена на пол во болницата СТ Медика, претходната година ја посетиле 11 државјани на Хрватска. Од нив 6 од мажи транзитирале во жени, а 5 од жени во мажи. А во 2016 година проф. д-р Мирослав Ѓорџевиќ оперирал 10 Хрвати, по што истакнува дека тоа бил и просек, во една година. А една од пациентките била и Саломе, која е најпознат трансексуалец во Хрватска.

Прв чекор во целиот процес е психијатриско-психолошка проценка, и таа е многу важна. А тоа е многу важно за лекарите да утврдат дали личноста е навистина спремна за такво нешто.

Се опиваат и потоа сакаат да се оперираат

Затоа е наменета добрата припрема пред операцијата. Проф. д-р Ѓорџевиќ имал 7 случаи на луѓе кои сакале да си го вратат стариот пол назад. „Тие одат на некоја дестинација, се опиваат или којзнае што, па мажите наутро се будат како жени,“ објаснува Мирослав.

Па поради тоа, пациентите прво се праќаат на детална контрола, после поминување на тој чекор, може да се започне со наредната фаза.

Следен чекор во припремата за трансформација е хормонска терапија. Мажите земаат естроген, а жените тестостерон. А во таа фаза се и првите физички промени кои се видливи на кожата. Терапијата правилно се зема околу една година. Мажите се кастрираат, а на жените им се отстранува јајниците. Целиот зафат чини околу 8 илјади евра, а пациентите од Хрватска тоа го подмируваат сами.

Операциите за промена на пол се многу сложени и траат по неколку часа. Многу е покомплексна транформацијата на жена во маж. Да се оперираат може само постари од 18 години, а најбројни се оние околу 25 години. Пред дваесетина години доаѓаа и пациенти на возраст од 40 до 50 години, но сега тие се реткост.

На прашањето дали во конзервативна земја како што е Србија е изложен на притисоци, д-р Ѓорџевиќ вели дека такви не постојат. Д-р Мирослав Ѓорџевиќ вели дека ги следат светските трендови и се во тек. Како следна иновација би можело да биде трансплатацијата на пенис.