11 дена од гробот се слушале удари и врисоци – кога го отвориле, нејзинте стапала биле топли


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


37-годишна жена од Бразил по грешка била жива закопана, а кога после 11 дена ја откопале, нејзините стапала наводно уште биле топли, но било предоцна.

Росанџела Алмеида дош Сантош од Риако дас Невеса во Бразил очајно се обидувала да побегне од дрвениот ковчег во кој била жива погребана.

На нејзиното тело биле пронајдени тешки телесни повреди, а во внатрешноста на ковчегот најдени се траги од крв и делови од нокти. На интернет се појави и прилично шокантна снимка од тамошните градски гробишта.

Мажената Сантош, која немала деца, била прогласена за мртва во болница, на 28 јануари, и била погребана следниот ден. Како официјална причина за нејзината смрт се наведува двојното запирање на срцето.

Локалното население кое живее недалеку до гробиштата слушало врисоци кои доаѓале од гробот, но за тоа ги известиле членовите од семејството на Сантош дури на 9 февруари. Кога ковчегот бил откопан, таа веќе била мртва.

Ана Франциско Диас која живее веднаш до гробиштата за Globo TV изјави дека стапалата од Сантош уште биле топли кога ја откопале.

Росанџела Сантош, наводно, уште од 7-годишна возраст страдала од повремени несвестици и земала антиконвулзивни лекови.