1,6 милиони грчки пензионери ќе добијат 13-та пензија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека ќе подели 617 милиони евра на 1,6 милиони пензионери во форма на 13-та пензија, која во просек ќе изнесува по 380 евра на пензионер, пренесуваат грчките медиуми.

Оваа одлука на грчкиот премиер беше искритикувана од страна на грчките медиуми, кои сметаат дека со овој потег Ципрас, сака да подготви терен за евентуали предвремени избори.

Од весникот Вима потсетуваат дека премиерот го следи  примерот на претходниот премиер Андонис Самарас, кој во 2014-та година постапи на истиот начин,  обидувајќи се да омилостиви дел од електоратот, изјаснувајќи се против политиката на штедење.