Екстра

1,2 милиони книги во ентериерна фантазија – библиотека од која запира здивот


Дури и оние кои одбегнуваат да читаат книги во библиотечните читални, во оваа библиотека сигурно би заглавиле со денови, бидејќи сама по себе таа е вистински исклучок од оној стереотип за поимањето на библиотеките како ентериерен простор.

Новата библиотека во културната област Бинхаи во Тијанџин, Кина, се протега на пет ката со џиновски сферичен аудиториум во средината што наликува на око.

На површина од 34.000 метри квадратни, колку што зафаќа библиотеката наречена „Окото на Бинхаи“, сместени се 1,2 милиони книги.

Градбата е дизајн на холандската компанија MVRDV во соработка со Институтот за урбано планирање на Тијанџин.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top